Полицајка во Париз почина откако нејзиниот колега ја застрела во главата, што шефот на полицискиот сојуз, Кристоф Крепин го нарече „трагедија поради грешка во ракување со огнено оружје“.
Жртвата и осомничениот во неделата си „играле“ со пиштолите, импровизирајќи пукање, кога се случил инцидентот. Досега идентитетот на двајцата не е објавен.
Жртвата била застрелана во централните канцеларии на париската судска полиција, каде што таа и нејзиниот колега ја чувале зградата. Жртвата имала 27 години, а нејзиниот колега 28.
Крепин изјави за Си-Ен-Ен дека осомничениот е суспендиран и притворен. Канцеларијата на парискиот обвинител отвори истрага за убиство.
„Постојат прописи за ракување со огнено оружје кога шаржерот е полн, а истите не биле беа следени“, додаде Крепин.