Ѓорчев: Иванов има право законите да ги врати во Парламентот

Пратеникот Влатко Ѓорчев во вечерашното гостување на телевизија Телма коментирајќи ја постапката на претседателот Ѓорѓе Иванов да не ги потпишува законите на кои стои Република Северна Македонија, рече дека тоа е согласно законите.

-Иванов со постапките кои ги презема ги претставува граѓаните на Република Македонија. Тој беше избран за претеседател на Република Македонија. Претседателот се заколнал пред Уставот на Република Македонија. Иванов одбра да не ги потпишува законите, повелете гласајте ги втор пат да видиме дали претседателот ќе ги потпише. Она што го прави Иванов е согласно законите и Уставот, вели Ѓорчев.

Треба да знаете
Последни објави