Претседателот на Собранието на Косово, Кадри Весели изјави дека нема да биде дел од власта, која ги расипува односите со Соединетите Американски Држави и Европската Унија и дека ќе реагира секогаш кога ќе забележи кои можат да бидат нарушени односите со овие сојузници.
,,Мојот став ќе биде оној за кој јавно зборувам, ставот на САД и западните партнери ќе биде и мој став. Нема да седам во влада која ги расипува овие односи. Се работи за иднината на оваа земја и нација. Не можам да замислам развој на Косово и косовската војска без односи со САД и ЕУ”, изјави Весели.
Тој нагласи дека ќе реагира во моментот кога ќе види дека може да им се нанесе штета на односите со САД.