(Видео) Хорор во Москва: петгодишно девојче пронајдено во стан затрупан во ѓубре и лебарки

Полицијата морала да носи заштитна облека во акцијата за спасување на петгодишно девојче во Русија , кое го нарекоа ,,женски Могли”. Девојчето не зборува, ниту знае да се однесува со луѓето, а подолго време живеело во стан во Москва кој наликува на депонија, полн со лебарки.

Запоставеното девојче го нарекоа Љубов. Кога ја пронашле таа била дехидрирана и болна, бидејќи нејзината мајка Ирина Гарасенко (47) ја оставила во валкан стан полн со ѓубре веќе подолго време, пишува Дејли Меил.

https://youtu.be/pNb7WrkFV_0

Прегладнетто девојче во ѓубрето направило засолниште, каде што се криело, а станот толку бил запуштен што полицијата морала да носи заштитна облека за да влезе внатре.

Медиумите оркриваат страотни детали за случајот. Ланчето кое што детето го носело  и зараснало во вратот кој бил целиот во рани. Првата средба со детето покажала дека тоа не знае да зборува, туку дека испушта само некакви крици.

Кога спасувачите и понудиле вода, руските медиуми пишуваат дека таа испила два литри. Се претпоставува дека девојчето има анорексија, што ќе биде утврдено при прегледите кои следат. Во станот прв влегол соседот, откако го слушнал плачот на детето, по што ја повикал полицијата.

,,Речиси се онесвестивме кога видовме во каква состојба е станот и како смрдеше. Полицајците мораа да носат заштитна облека. Ѓубрето беше изгниено и се чувствуваше ужасна реа. Девојчето седеше покрај прозорецот на кујната. Имаше шапка и кошула на себе. Немаше долна облека. Ужасно плачеше. Во станот немаше храна, а насекаде лазеа лебарки”, изјави соседот.

Соседите раскажуваат дека мајката дошла пред пет години, носејќи со себе бебе, но дека набрзо го оставила да живее со бабата. Нејзиниот сопруг го депортирале во Украина.

Претпоставките се дека детето од неговото раѓање никогаш не излегло надвор, ниту пак имало контакт со надворешниот свет.

Откако полицијата го спаси бебето, мајката се вратила дома, но соседите ја спречиле да побегне. Таа е уапсена под обвинение за обид за убиство и е задржана во притвор. Соседите, исто така, сведочат дека жената елегантно се облекувала, им велела дека има постојана работа и помагала во чистењето на заедничките простории во блокот во кој живееле.

Треба да знаете
Последни објави