(Видео) Хрватска окована во снег и лед, ветрот во Дубровник кршеше прозорци

Град и снег го отежнаа движењето по патиштата во Хрватска, која од изутринава е окована во снег. Времето преку ноќ од пролет се врати во зима, па бурата го отежна движењето на патиштата и предизвика големи штети. Отежнато е движењето особено во Лика и Горски Котар, каде има поледица на улиците.

https://www.facebook.com/HRTvijesti/videos/616198898827084/?t=9

Во Истра, ноќеска имало над 2 000 молњи, со силен град. Ветерот, дожд и градот во Умаг, речиси го чинеле живот 86-годишниот рибар на кој му откажал моторот на 4,5 метарскиот брод. Силниот ветер го голема брзина го носел неговиот брод кон брегот. Благодарение на брзата интервенција на поморската полиција, рибарот бил спасен.

Бурата предизвикала материјални штети и во Дубровник. Ветрот урнал ѕидови, превртел возила, скршил прозорци…

Треба да знаете
Последни објави