Војвотката од Кембриџ повторно успеа да нè воодушеви во стара облека. Кејт Мидлтон денес на прославата на Денот на Комонвелт во канадската амбасада во Лондон блесна во издание кое последниот и првиот пат го носела пред пет години за време на официјалната посета во Нов Зеланд.
Прекрасниот црвен струкиран капут со двојно закопчување го потпишува дизајнерката Кетрин Вокер, а Кејт го искомбинира со шешир во иста боја и сива клач чанта и салонки. Впечатливиот црвен капут беше добро освежување после зелените изданија во кои се појавуваше во последно, а докажа и дека навистина нема поласкава боја од црвената.
Мора да забележиме дека и последниот пат кога го носеше овој капут, успеала да ја задржи завидната линија иако после тоа роди уше две деца, принцезата Шарлот и принцот Луи.
Инаку на прославата на Денот на Комонвелт присуствуваше и Меган Маркл која исто така нè воодушеви со стајлингот.