ИРА ја презеде одговорноста за пратките со бомби во Лондон

Паравоеното движење, кое се нарекува Ирска републиканска армија (ИРА), денеска ја презеде одговорноста за праќањето пратки, во кои имаше бомби, на неколку адреси во Лондон, како и на адреса на Универзитетот во Глазгов, соопшти британската полиција.

Антитерористичката единица на британската полиција неодамна започна истрага откако во Лондон беа пронајдени три поштенски мали вреќи кои содржеа нешто што личи на мала експлозивна направа.

Полицијата соопшти дека помалите вреќи пронајдени во поштенски сандачиња имале околу себе уреди кои изгледале како да можат да предизвикаат помал пожар кога ќе се отворат.

Шкотската полиција подоцна соопшти дека пронашла сомнителни пакети на Универзитетот во Глазгов и во седиштето на Кралската банка на Шкотска во Единбург.

Групата која се нарекува Ирска републиканска армија ја сочинуваат милитанти кои се противат на мировниот договор со Северна Ирска од 1998 година.

Треба да знаете
Последни објави