Креаторот на интернетот испрати сериозно предупредување за иднината на мрежата

Потребна е глобална акција за да се спречи тонењето на мрежата во дисфункционалната иднина, тврди професорот за компјутерски науки и инвеститор, Тим Бернерс-Ли. Оваа забелешка тој ја дал за време на говорот на одбележувањето 30 години откако го предложил почетокот на „Ворлд Вајд Веб“ ( World Wide Web ). Тој вели дека по скандалот со „Кембриџ Аналитикс“, луѓето сфатиле дека нивните податоци може да бидат манипулирани, но додал дека смета оти проблемите како злоупотребата на податоци, хакирањето и дезинформирање, може да се решат, пишува Би-би-си.

Во отворено писмо, креаторот открива дека многумина се сомневале дека глобалната мрежа може да донесе нешто добро.

„Многу сум загрижен поради ширењето на гадостите и дезинформациите. Кога се појави проблемот со „Кембриџ Аналитикс“, луѓето сфатија дека на изборите се влијаело со помош на податоци кои тие сами ги овозможиле“ вели професорот Барнерс-Ли, но додава дека луѓето почнале да ги разбираат ризиците со кои се соочуваат како корисници на мрежата. Според него, начелата на отворена мрежа треба да се сочуваат.

Барнерс-Ли изнесува три подрачја на дисфункционалност, која ѝ штети на мрежата: злонамерни активности како хакирање и вознемирување, проблематичен систем и деловни модели кои наградуваат преку кликови и ненамерни последици како агресивни и поларизирани дискусии.

Овие негативности би можеле барем делумно да се отстранат со закони и системи кои ќе го лимитираат лошото однесување на интернет, смета Барнерс-Ли.

Треба да знаете
Последни објави