ОН: Масакрот во Конго можно злосторство против човештвото

Истражителите на ОН соопштија дека за време на декемвриското насилство меѓу заедниците во Конго, кога беа убиени најмалку 535 луѓе, најверојатно е извршено злосторство против човештвото.

Истражувачкиот тим смета дека билансот на жртвите од масакрот во западниот дел на конго, најверојатно е уште поголем зошто е извесно многу тела да се фрлени во блиските реки.

Како што се наведува, судирите меѓу народите Бануну и Батенде почнаа по спорот околу погребот на еден племенски лидер на Бануну.

Во извештајот пишува дека нападите имале многу сличен образец и биле карактеризирани со екстремно насилство и брзина, што на луѓето им оставило многу малку време за да побегнат.

Со истрагата е утврдено дека припадниците на народот на Бануну биле гаѓани со оружје и запалливи експлозивни направи.

Треба да знаете
Последни објави