Полицаецот Тоска осуден на 18 години затвор оти го убил пријателот Бекир и го запалил

Битолскиот полицаец Енвер Тоска (25) е осуден на 18 години затвор за убистото на Алили Бекир (36) на 14 септември лани, чие тело беше пронајдено кај прилепското село Беловодица. Основниот суд во Прилеп експресно ја донесе пресудата откако Тоска вчера на почетокот на судењето ја призна вината, па на тој налин ја избегна максималната казна доживотен затвор.

Според обвинението, Тоска со умисла и од користољубие го убил Бекир, а потоа го запалил телото. Психијатриското вештачење покажа дека обвинетиот Тоска бил пресметлив кога го извршувал едно од најтешките кривични дела, рече обвинителката Мрмеска која побара поради тоа што е едно од натешките кривични дела, судот да ги цени отежнувачките околности, зашто обвинетиот за да го скрие делото, го полил Бекир со бензин и го запалил.

На судскиот процес, обвинетиот Енвер Тоска ја призна вината и како што рече изразува жалење до семејството на убиениот. Адвокатот на обвинетиот Васко Георгиев вели дека сега дошло до признавање на вината поради цврстите докази на обинителството и дека обвинетиот ги почувствувал последиците од тоа што го направил.

Треба да знаете
Последни објави