Почина Дубравко Ворих, басистот на „Прљаво казалиште“

Дубравко Ворих, легендарниот басист на „Прљаво казалиште“, почина утринава во загрепската болница на 59-годишна возраст.

„Замина голем пријател. Јас сум шокиран“, рече Младен Бодалец (60)

Докторите го откриле ракот на Ворих минатата пролет, додека бендот беше на австралискаи американска турнеја. По враќањето во Загреб „Прљаво казалиште“ подготви спектакуларен концерт на стадион, кој Дубравко не сакаше да го пропушти. Тој свиреше на тој концерт, а следниот ден отиде во болница.

Кога дознале дека е тешко болен, Јасенко Хора и други членови на бендот не сакале да бараат замена за Ворих, туку го замолиле тој да го стори тоа, па во бендот дојде Марко Карачиќ.

Ворих кариерата ја започна во 1976 година во групата „про Футура“. Неговата љубов беа блузот и џезот, а покрај тоа што свиреше беше и ментор на многу млади басисти.

Тој исто така свиреше со легендарниот Стенли Кларк во Загреб.

Треба да знаете
Последни објави