Професор од Мичиген доби телеграма испратена пред 50 години

Роберт Финк, кој дипломира на Универзитетот во Мичиген во 1969 година, конечно преку „Вестерн унион“ ја доби телеграмата во која семејните пријатели му честитаат на неговиот успех. Ништо немаше да биде чудно доколку телеграмата не беше пратена пред повеќе од 50 години.

Телеграмата пристигна во 1969 година на адреса во градот Ен Арбор, каде што Финк тогаш живееше со тројца цимери. Но, дојде предоцна, еден ден откако Финк отпатува во Њујорк на понатамошно школување, па таа остана заборавена.

Во декември Кристина Заске, вработена во агенцијата за дигитален маркетинг Ann Arbor ICON Interactive, ја пронајде телеграмата во една од фиоките на старото биро во канцеларијата во сопственост на агенцијата.

Треба да знаете
Последни објави