Роналдо имаше своја вечер со постигнати три голови
Роналдо имаше своја вечер. Со хет-трик го однесе Јувентус во наредната рунда од Лигата на шампионите, а воедно постави и два нови рекорда, кога се работи за настапите во елитата.
Роналдо е првиот фудбалер кој дошол до бројка од 127 голови во натпреварувањата на УЕФА. Истовремено, Португалецот стана и најдобриот стрелец во историјата на нокаут-фазата на ЛШ, со вкупно 63 постигнати погодока. Зад него се Лионел Меси со 40 и Герд Милер со 21 гол.
Напаѓачот е и првиот фудбалер кој учествувал во постигнување на 77 гола во нокаут-фазата на фудбалската елита (гол или асистенција). Истовремено, Роналдо по бројот на хет-трикови во ЛШ се изедначи со Лео Меси, па и двајцата имаат по вкупно осум.
Јувентус со победата над Атлетико со резултат 3-0 во нокаут-фазата им се приклучи на Манчестер Сити, Ајакс, Порто, Манчестер Јунајтед и Тотенхем.