Сингапурската управа за цивилно воздухопловство привремено ја суспендираше флотата на авиони Боинг 737 Макс од летање во и надвор од земјата, објави Би-би-си.
Одлуката следи откако авион на компанијата „Етиопијан ерлајнс“, Боинг Макс 8, се урна во неделата, при што загинаа 157 луѓе.
Тоа беше втора фатална несреќа на ист модел на авион -Боинг, за помалку од пет месеци.
Сингапурскиот аеродром „Чанги“ е шестото најпрометно место на светот и е главен центар кој ги поврзува Азија со Европа и САД.
Но, само мал број на авиокомпании летаат со авиони „Макс“ во и надвор од земјата.
Сингапур се верува дека е првата земја која ги забрани сите варијанти на флотата на „Макс“ авионите. Суспензијата стапи на сила од 14 часот по локално време.