Триесетдевен притвор за Чавков

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 го прифати предлогот на обвинителството и на обвинетиот Митко Чаавков со Решение му определи мерка – Притвор во траење од 30 дена.

Поранешниот директор на БЈБ беше уапсен попладнево и однесен во суд, од каде беше транспортиран во затворот „Шутка“.

-Имено, по добиени сознанија и поради страв дека обвинетиот ќе се даде во бегство и ќе се крие со цел да ја избегне кривичната одговорност, обвинителството побара од Основниот суд Скопје 1 – Скопје да му биде определена мерка – Притвор. Oбвинетиот е дел од предметот што се води за настаните во Собранието од 27 април 2017 година, за кој главната расправа е завршена и е закажано рочиште за објавување на пресудата, велат од ОЈО.

Треба да знаете
Последни објави