Полицијата уапсила Албанец со 42 торби марихуана, вчера во близина на Свети Наум кај Охрид.
Како што информира полицијата во 11.30 часот на регионалниот пат Охрид – Свети Наум, кај месноста Колиби -2 пронашле четири торби во кои имало 49 килограми марихуана. Во близина на торбите бил уапсен A.Џ.(21) од Поградец, Република Албанија.
Регионалниот центар за гранични работи Запад против уапсениот е поднесена кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.