Шахпаска: Усвоен Законот за заштита од дискриминација, остануваме посветени на градење едно општество

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ е одлучно во намерата да изгради општество на рамноправни граѓани. На вчерашната собраниска седница е усвоен Законот за спречување и заштита од дискриминација. Направен е значаен чекор напред, кој не приближува кон европското семејство, изјави Јагода Шахпаска, пратеничка од СДСМ и коалицијата.

„Одлучно велиме не на сите форми на дискриминација. Цврсто сме посветени на градењето едно општество за сите, без подлеби, без дискирминација, еднакво општество на еднакви граѓани со еднакви можности. Во Македонија за прв пат како основи за дискриминација се воведуваат сексуалната ориентација и родовиот идентитет. Се додава и нов облик на дискриминација со кој треба да се справуваме а тоа е сегрегацијата. Проширени се надлежностите на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација во насока на превенција. Македонија конечно ќе добие професионална Комисија за спречување и заштита од дискриминација, ослободена од политички и партиски влијанија“, рече пратеничката.

Треба да знаете
Последни објави