Директорот на Разузнавачката тајна агенција на Албанија (ШИШ) Хелидон Бендо ја обвини Русија дека се обидува да го прошири своето влијание и на таа земја.
Во обраќањето пред албанскиот Парламент Бендо не прецизираше дали во тие напори Москва успеала да дојде до повисоките албански политички структури, објави приштинска „Коха”.
– Податоците од 2018 година покажуваат дека има сè повеќе обиди на Русија да го прошири влијанието во нашата земја, тврди Бендо.