Вебер: Не се решени проблемите

идерот на Европската народна партија (ЕПП), Манфред Вебер по состанокот со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан изјави дека не се решени проблемите, што би можеле да доведат до исклучување на партијата Фидес од ЕПП.

Вебер истакна дека денешниот состанок со Орбан бил конструктивен, но Фидес и понатаму мора да им докаже на членовите на ЕПП дека ги почитува основните вредности на групацијата.

Портпаролот на Орбан, Берталан Хаваши вчера изјави дека на состанокот ќе се разговара за барањето на Вебер, националистичката партија Фидес да се извини поради својата реторика.

Спорот изби откако унгарската Влада постави билборди, со кои се обвинуваат претседателот на Европска комисија, Жан-Клод Јункер и унгарско-американскиот милијардер Џорџ Сорос дека планираат да ја уништат европската цивилизација преку имиграцијата.

Вебер побара извинување за билбордите, како и стопирање на анти-ЕУ кампањата од страна на Орбан, како и Централно европскиот универзитет (ЦЕУ), основан од Сорос, да остане во Будимпешта.

Шефот на кабинет на унгарскиот премиер, Герг Гуљаџ  претходно изјави дека Унгарија ќе ги замени билбордите со антибриселска кампања, поради што владејачката партија Фидес би можела да биде исклучена од ЕПП во Европскиот Парламент.

ЕПП е најважна група во ЕП, која ако остане по изборите во мај, Вебер ќе биде нивен кандидат за наследник на Јункер на чело на ЕК.

Треба да знаете
Последни објави