Терминот, односно придавката северномакедонски да не се користи во медиумите и во јавноста сугерира владата, согласно преспанскиот договор.
На веб страницата на министерството за надворешни работи е наведено упатство за медиумите за Договорот од Преспа, во кое се наведени примери за користење на придавката, со експлицитно наведување дека северномакедонски е неправилно во сите случаи.
За таа намена владата веќе ги контактирала странските медиуми и агенции на сите можни нивоа со барање придавката northmacedonian да не се користи, за да не се одомаќини.
Од владата сугерираат и приватните медиуми и економски субјекти да ја користат новата терминологија согласно уставните промени, иако наведуваат дека не постои ,,јазична полиција‘‘ која ќе го надгледува именувањето, а се почитува и слободата на говорот согласно уставот.
При тоа наведуваат дека и во Грција се одвива истиот процес, па дури и се инсистира на коректно користиње на термините поврзани со Северна Македонија и во ЕУ и во Обединетите Нации.
Атина и Скопје се свесни дека одредени политичари нема да се придржуваат кон новонастанатата состојба, но, по стапувањето на сила на договорот досега не е испратена ниту една поплака од грчката страна.
Во однос на имињата на партиите во кои се содржи терминот Македонија, од владата велат дека не можат да инсистираат да ги променат, бидејќи за работи за доброволни организации на граѓани. Доколку нивната активност надвор од земјава се финансира од државата тогаш ќе мора да се наведе дека е од Република Северна Македонија.
Што се однесува до промената на името на МАНУ, оставено е самата институција да го избере новото име, а се разговара и за акронимот АРМ, на армијата на Република Северна Македонија.