Демо снимката на песната „Стармен“ на Дејвид Боуви на аукција

Демо снимката на песната „Стармен“ на Дејвид Боуви од 1971 година, која беше изгубена 50 години, се продава на аукција. Се верува дека ова е прва снимка на познатата песна на Боуви. Почетната цена е 11.500 евра.

На снимката може да се слушне како Боуви му вели на гитаристот Мик Ронсон да не го прекинува снимањето затоа што песната уште трае.

Ронсон ја дал демо снимката на неговиот пријател и музичар Кевин Хачинсон. Тој на траката напишал „Проба Дејвид Боуви“ и ја ставил на таван. Песната подоцна се најде на албумот на Боуви Ziggy Stardust (1972).

На снимката се наоѓаат и песните Moonagde Daydream и Hang Onto Yourself.

Хачинсон се сетил на снимката откако го гледал документарниот филм за Боуви, кој почина во 2016 година. Тој рекол дека сосема заборавил на снимката и се воодушевил кога ја слушнал затоа што била со одличен квалитет.

Треба да знаете
Последни објави