Заман: Бомбардирањето на Југославија беше грешка

Претседателот на Чешка, Милош Заман, призна дека со незадоволство се сеќава на одлуката на неговата земја, како нова членка на НАТО, да одобри бомбардирање на Југославија во 199 година. Тој рекол дека бомбардирањето било грешка.

„Можам да ви кажам дека тоа го сметам како грешка и сметам дека тоа беше чин на ароганција. На таа одлука на чешката влада се присетувам со незадоволство. Чешка беше последна земја која даде согласност за бомбардирање. И тоа од причина што бевме во НАТО три недели и веројатно не би било нормално кога една нова членка би била единствена земја која би ставила вето на таа одлука“, рекол Заман во интервју за агенцијата ЧТК.

Заман како премиер на социјадемократската влада и покрај протестите во неговата партија одобри бомбардирање на Југославија и даде согласност за прелетување на авиони на НАТО преку Чешка. Тој тогаш изјави дека се бомбардира поради хуманитарната катастрофа на косовските Албанци и дека би било апсурд кога бомбардирањето би водело кон отцепување на Косово од Србија.

Треба да знаете
Последни објави