Eкстремистите на Исламска држава се пред дефинитивен пораз во своето последното сириско упориште Багуз, каде што веќе се предадоа стотици џихадисти со нивните семејства.
Сириските демократски сили (СДФ), кои поддржани од САД ја предводат офанзивата во Багуз, тврдат дека битката за последното упориште на исламистите е пред дефинитивен крај, објави агенцијата „Ројтерс“.
Репортерите на оваа агенцијата пишуваат дека стотици борци се предале на сириските демократски сили, кои во неделата започнаа конечен напад за освојување на Багуз, поддржани од акции на американското воено воздухопловство.
Официјалниот претставник на СДФ, Мустафа Бали, потврдил дека џихадистите масовно се предаваат заедно со нивните семејства.
„Операцијата е практично завршена. Кога нашите сили ќе го потврдат предавањето на сите што имаат таква намера, борбите ќе престанат, што значи дека поразот на џихадистите е многу близу“, изјавил Бали.
Бројот на екстремисти за кои официјални лица на СДФ потврдија дека биле убиени во судирите се движи меѓу 25 и 38, а бројот на загинати во воздушните напади засега е непознат.