Поранешниот шампион во УФЦ, во две категории, Конор Мекгрегор бил уапсен во Мајами, откако пред еден ноќен клуб му го искршил мобилниот телефон на еден навивач. Според медиумите Ирецот бил обвинет за грабеж и хулиганство.
Мекгрегор, ноќниот клуб го напуштил во понеделникот, околу 5 часот наутро, а Англичанецот Ахмед Абдирзак се обидел да го фотографира со својот мобилен телефон. Конор му го зел телефонот и го искршил.
Според полицијата Мекгрегор откако го искршил телефонот, чија вредност била околу 1.000 долари, го собрал истиот и заминал.
„Мекгрегор бил вмешан во мала расправија околу мобилен телефон, која испровоцира повик до полицијата. Конор високо ја цени реакцијата на полицијата и ветува дека ќе соработува“, рекол адвокатот на Мекгрегор, Самуел Рабин.
По инцидентот во Мајами објавена е снимка на Мекгрегор додека бил во притвор во Њујорк. Пред една година тој заврши зад решетки откако во Њујорк го нападна автобусот со борците што учествуваа на турнирот УФЦ 223.