Комисијата за култура утре ќе одржи надзорна расправа на тема „Културните политики и начинот на донесување на Годишната програма на Министерството за култура за проекти од национален интерес, со посебен осврт на реализацијата на Програмата за 2018 година“.
Надзорната расправа ќе се одржи ѓо почеток од 11 часот во Собранието. Комисијата за култура поканува сведоци од различни државни органи, научни институции и граѓански организации да учествуваат на расправата и да дадат искази и одговори на членовите на Комисијата.