Полицаецот играл столен фудбал кога му испукал пиштолот и ранил двајца тетовци

Полицац од СВР Тетово случајно испукал од службениот пиштол и и тешко повредил две лица, вчера во Вејце. Инцидентот се случил половина час пред полноќ кога во  Ф.В. (26) и А.Х. (22), двајцата од селото пукал 25 – годишен полицаец кој не бил на работа.

Инцидентот се случил во флиперница во Вејце, кога осомничениот заедно со двајца пријатели играл столен фудбал. При тоа, осомничениот го извадил пиштолот од појасот за да не му падне и сакал да го префрли на другата страна. Во тој момент бил испукан еден куршум во правец кон двајцата оштетени. Со куршумот  бил погоден еден од оштетените во вратот,  а  потоа и лицето кое стоело зад него во пределот на градниот кош.

Повредените биле однесени во тетовската болница од каде поради сериозноста на повредите биле префрлени на скопските клиники.

Десет минути по инцидентот, полицаецот сам се пријавил во ПС Тетово и признал дека со службениот пиштол пукал во двете момчиња.

Полицаецот бил приведен, а за случајот е известена Внатрешната конторла на МВР.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против осомниченото лице поради основано сомнение дека сторил две кривични дела  и тоа – Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 3  во врска со член 288 став 4 во врска со став 1 и Предизвикување општа опасност од член 288 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Истовремено по предлог на надлежниот обвините, Основниот суд Тетово на осомниченото лице му изрече мерка притвор во времетраење од 8 дена.

 

Треба да знаете
Последни објави