Полицијата од италијанскиот град Тревизо со месеци трагала по 34-годишен државјанин на Молдавија поради 39 сообраќајни казни, во вкупна вредност од 6.250 евра. На крај го пронашла благодарејќи на фотографија која Молдавецот ја објавил на Фејсбук.
Италијанските медиуми пренесуваат дека полицијата шест месеци го барала Молдавецот за да му ги врачи казните, најголемиот дел поради прекорачена дозволена брзина.
Сепак, Молдавецот пред неколку дена објавил грешка и на Фејсбук објавил фотографија на која јасно се гледа дека се наоѓа на одредена локација во Тревизо. Полицаецот кој го следел неговиот профил веднаш го забележал тоа и испратил патрола која го пронашла и му ги врачила казните.