Кристијано Роналдо ја оквалификува италијанската Серија А како најтешко првенство во светот. Португалецот во моментов ги брани боите на шампионот Јувентус, а пред тоа беше во Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.
И покрај богатото искуство и стотиците постигнати голови, Роналдо смета дека многу тешко се постигнува гол во Италија.
-Задоволен сум што играм во Италија и во таква конкурентна лига. Досега се е многу добро. Се чувствувам добро. Мислам дека првенството ми одговара и можам да кажам дека ова е тежок шампионат. Сметам дека ова е најтешката лига за напаѓачите. Не очекував Серија А да биде толку квалитетна, рече Кристијано Роналдо.
Роналдо (34) постигна 21 гол откако пристигна во Јувентус минатото лето.