Тројца скопјани, меѓу кои и малолетник, биле физички нападнати вчера во три одвоени инциденти, информираше МВР.
Според полицијата, вчера во 10 часот С.К.(42) пријавила дека истиот ден околу 8.30 часот на улица Цветан Димов нејзиниот 17 годишен син бил физички нападнат од две лица.
Во 18 часот во СВР Скопје, С.Ј.(30) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 15.30 часот бил физички нападнат од три лица меѓу кои било и лицето А.К..
Последниот инцидент се случил околу 19.30 часот на улицата Ѓорѓи Капчев, кога Б.Р.(49) бил физички нападнат од две лица.
Полицијата работи на расчистување на случајот.