Дилер на кокаин од селото Глажња, општина Липково, бил уапсен вчера откако полицијата во неговиот дом запленила 130 грама кокаин, 155.550 денари и 100 евра.
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Единица за недозволена трговија со дрога во соработка со Оддел за криминалистичка полиција поднесе кривична пријава против Е.А.(20) од Скопје за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.
Полицијата извршила претрес во домот на З.А.(52) во село Глажња, општина Липково, каде живее и неговиот син Е.А.
При претресот, во собата на Е.А. биле пронајдени и одземени 129 грама кокаин, 155.550 денари и 100 евра. По преземени мерки било утврдено дека пријавениот ја набавил дрогата од Косово.
Уапсениот во текот на денот ќе биде изнесен пред судија на претходна постапка.