Британските пратеници вечерва ја отфрлија можноста за излез од ЕУ без договор.
Нивната одлука не е правно обврзувачка и не значи дека Брегзит ќе биде спречен, но сега во британскиот Парламент може да се гласа за одложување на напуштањето на ЕУ.
Во Парламентот вчера со големо мнозинство гласови е отфрлен договорот на премиерката Тереза Меј постигнат со Брисел.
В четврток ќе се одржи ново гласање за одложување на Брегзит и доколку тој предлог биде усвоен, а членките на ЕУ се согласат, тогаш Велика Британија нема да ја напушти Унијата на 29 март.