Велешанец дома криел антички монети

Велешанец бил уапсен откако полицијата во неговиот дом пронашла предмети што подлежат на Законот за заштита на културното наследство. Станува збор за 13 монети во различна форма и големина, еден дел од метален предмет и два керамички садови во форма на луле.

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал-Единица за сериозен криминал, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, против Т.А.(52) од Велес  поднесе кривични пријави за присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости по член 265 и за прикривање по член 261 став3 од Кривичниот законик.

Полицијата на 31 јануари годинава врз основа на судска наредба, извршила претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени 13 монети во различна форма и големина, еден дел од метален предмет и два керамички садови во форма на луле, предмети што подлежат на Законот за заштита на културното наследство.

Треба да знаете
Последни објави