(Видео) Евакуирани семејствата на последните борци од ИД – нивните сопруги се заканија со „крв до колена“

На интернет се појави видео на кое наводно се прикажани припаднички на Исламска држава, спасени од последното упориште на оваа екстремистичка организација во Сирија. За време на нивниот транспорт во бегалски камп, тие извикувале терористички слогани и се колнеле на верност на терористичката група, пишува „Дејли мејл“.

На кратката снимка можат да се забележат жени во камион облечени во црно и со покриени лица како ги држат своите деца извикувајќи „baqiya“, што е дел од паролата на ИД „baqiya wa tatamaddad“, што значи „остануваме и ќе се прошириме“. Притоа се слуша како ги навредуваат новинарите и фрлаат вода на нивните камери.

https://youtu.be/uXEbNZbAMro

Многумина од нив го подигнале показалецот кон небото, што всушност претставува симболичен гест на членовите на ИД, што означува единство со Бога, но и доминација на калифатот.

Жени кои минатата недела побегнале од сирискиот регион Багуз, биле забележани како фрлаат камења кон новинарите и напаѓаат новинарки, бидејќи не биле облечени според правилата на исламот, објави „индекс.хр“.

Повеќе од 7.000 луѓе побегнале во последните неколку дена поради бомбардирањето на последното упориште на Исламска држава во Сирија, а жените на припадниците на ИД, во таа прилика за новинската агенција АФП рекле дека и натаму сакаат да ги одгледуваат своите деца според идеологијата на калифатот, дури и ако не постои Исламска држава.

„Можеби сега си одиме, но во иднина ќе има нови освојувања. Ќе бараме одмазда, ќе бидете во крв до колена“, рекла припаднчка за ИД за АФП.

Треба да знаете
Последни објави