Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва соопшти дека Коалицијата „За подобра Македонија“ ја дава поддршката и комплетно застанува позади претседателскиот кандидат, професорката Гордана Силјановска-Давкова.
„Ние цврсто веруваме и врз основа на целокупната онаа навигација којашто ја добиваме од терен, врз основа на сите оние мерливи мерења на јавното мислење дека иден претседател на Република Македонија е професорката Гордана Силјановска-Давкова“, рече Мицкоски.
Тој ги повика сите граѓани на 21 април да излезат на гласање и да ја поддржат Силјановска-Давкова и да ја, како што рече, подотворат вратата за пораз на заевизмот којшто како ментална матрица во последно време во Република Македонија зафаќа размери.
Тој повторно побара организирање на предвремени парламентарни избори на кои, како што рече, е убеден дека ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ ќе победат.