Две лица уапсени за убиството на бразилска политичарка

Двете неодамнешни апсења во Бразил би можеле да го расветлат убиството на популарната млада политичарка, чија смрт минатата година предизвика масовни протести во земјата.

Во вторникот, поранешните полицајци од Рио де Жанеиро, Рони Леса и Елчио Виера де Квироз, беа уапсени во врска со убиството на градската советничка Мариела Франко и нејзиниот возач, објавија властите на Рио де Жанеиро.

Франко беше убиена во пукање од автомобил на 14 март 2018 година. Нејзиниот возач, Андерсон Педро Гомес, исто така, беше убиен.

Според соопштението на властите, Квироз го возел возилото од кое била убиена политичарката, додека пак Леса е обвинет дека ја застрелал Франко. Обвиненијата ги поткрепуваат сомнежите дека 38-годишната Франко бил убиена за нејзиниот активизам против полициското насилство и убиства во сиромашните населби во Рио.

Пред нејзината смрт, Франко ја критикувала владата на Бразил поради тоа што на армијата ѝ дала моќ да ги надгледува активностите за јавна безбедност во државата, стравувајќи дека тоа би можело да доведе до насилство врз жителите.

Треба да знаете
Последни објави