Дел од државите членки на Европската унија забрануваат пушење на наргиле во одредени објекти и места, посебно ако во близина има деца. Нивната забрана доаѓа како резултат на последните истражувања според кои наргилето е штетно за здравјето како на возрасните така и на помладата популација.
-Се забранува пушењето на наргиле или “водено луле” на одредени места и објекти, посебно ако во близина има деца, детски градинки, спортски објекти или сали. Пушењето наргиле се забранува и на спортски терени, тротоари, детски јасли, градинките, училиштата, училишен интернати и местата каде што се обезбедуваат социјални услуги за деца, игралиште и на местата на кои се организирани настани за деца и ученици. Се забранува пушење на наргиле во спортските објекти, летните кина и театри – за време на спортски и културни настани- стои во одлуката.
Според истата одлука се предлага казните за пушење на цигари во затворени јавни простории да важат и за наргилето.
“Освен цигарите, докажано е дека и пушењето на наргиле е штетно. Ова најмногу се одразува на оштетување на респираторниот систем, кардиоваскуларниот систем, забната шуплина и забите. Хроничните пушачи на наргиле развиваат почесто хроничина опструктивна белодробна болест (ХОББ) и периодонтит (воспаление на непцата со опаѓање на забите). Вдишување на јаглерод моноксид доведува до грчеви кај некои пушачи поради острата интоксикација – намалување на преносот на кислород од крвта во клетките. Ова води и до зголемен крвен притисок и зголемување на обемот на срцето “, пишува во истражувањата. Во нив е применета статистика од Светската здравствена организација (СЗО) за периодот 2013-2014 година.