Кошаркарите на Уникс се пласираа во полуфиналето во Еврокупот откако во мајсторката беа подобри од Локомотива од Кубањ со вкупен резултат по натпревари – 2-1.
Најдобар во победничкиот тим беше Костас Кајмакоглу со 14 поени, а двоцифрен учинок имаше и Ерик Маколум, кој постигна 11 поени и пет скокови.
На другата страна, Дмитриј Кулагин постигна 16 поени и Жажуан Џонсон, кој постигна 15.
Уникс ќе игра против Валенсија во полуфиналето. Се игра до две победи, а шпанскиот клуб ќе ја има предноста во првиот натпревар на домашен терен.