– Српската вицепремиерка и министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Зорана Михајловиќ денеска изјави дека повторно ќе ја покрене иницијативата до земјите во регионот да се формираат заеднички гранични премини со цел да се забрза протокот на сообраќајот меѓу земјите.
– Имаме сериозен проблем со чекање на границите и во летниот и во зимскиот период, бидејќи има се повеќе автомобили кои минуваат низ Србија. Само на Коридорот 10 минатата година помина 55 милиони возила, за 20 милиони повеќе од 2014 година, а оваа година очекуваме да поминат 60 милиони возила низ Србија, изјави Михајловиќ.
Таа истакна дека така ќе биде со Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Црна Гора, но дека проблемот се земјите членки на Европската унија.
– Ќе ја обновам иницијативата со властите на Хрватска и на Унгарија да договориме еден заеднички граничен премин со цел да се забрза протокот на стоки и луѓе и да се решат овие нефизички бариери, истакна Михајловиќ.