Пожар на брод во близина на францускиот брег, евакуирани 25 лица

Во неделата во близина на францускиот брег избувна пожар на талијанскиот товарен брод „Гранде Америка” при што беа евакуирани 27 морнари.

Бродот пловеше од Хамбург во Германија кон Казабланка во Мароко.

Францускиот министер за животна средина, Франсоа де Руги, претходно изјави дека не знае што се превезува со бродот, но дека се преземени мерки против загадување.

„Како и секогаш во такви ситуации, постојат ризици од загадување, не можеме тоа да го негираме. Пред сè, има погонско гориво на бродот“, рече министерот.

Првиот брод-теглач што стигнал до опожарениот брод не успеал да го изгаси пожарот, а потоа се вклучиле уште два теглачи кои дошле кога бродот веќе потонал во морето.

Треба да знаете
Последни објави