Полскиот министер за земјоделие, Јан Криштоф Ардановски, изјави дека ветеринарната инспекција на Европската комисија открила неправилности во документацијата на одделни кланици во Полска, но дека не нашла проблем во квалитетот на месото.
Инспекцијата беше најавена уште минатиот месец, откако медиумите јавија дека месо од болни крави е извезено од една полска кланица во неколку десетици земји.
Полскиот министер рекол дека инспекциите во бројни кланици утврдиле извесни проблеми во документациите, кои е потребно да се решат, но дека не е утврдено дека местото претставува опасност за потрошувачите.
По пишувањата на медиумите за тој скандал, одделни земји, вклучително и Словачка и Чешка, го намалија увозот на говедско месо од Полска и ги зајакнаа контролите за квалитет на месото.