„Proud“, е евровизиската песна со која Тамара Тодевска ќе ја претстави Македонија на претстојната Евровизија во месец мај.
Песната беше објавена за јавноста на 8-ми март, а досега има 500 илјади прегледи на интернет каналот Јутјуб.
Песната доби и позитивни и негативни критики, па Тамара реши да им се заблагодари на сите преку Инстаграм.
„Ви благодарам што ја поддржувате „Proud“. Вашите убави зборови значат цел свет за мене. Секогаш бидете горди на тоа што сте и никогаш не ја сокривајте својата големина. Ве сака Тамара – порача пејачката.