Прилепчанка била тешко повредена откако во неа удрил автомобил, вчера вечерта во Прилеп.
Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила во 19.20 часот, на улица Александар Македонски во Прилеп. Автомобил „опел астра“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од З.Н.(54) од Прилеп, удрил во пешакот К.Ј.(29) од Прилеп. Од ударот К.Ј. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во болницата во Прилеп.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп.