Најмалку петмина ученици се убиени во пукање во училиште во Сао Паоло, Бразил. Напаѓачи биле двајца тинејџери, јавува бразилскиот „О Глобо“.
Пукањето се случило во државното училиште Раул Бразил во градот Сузано.
Информациите за пукањето биле потврдени од страна на полицијата од каде за „О Глобо“ изјавиле дека две вооружени лица отвориле оган за време на училишниот одмор.
Тие убиле петмина ученици, еден вработен во училиштето, а потоа извршиле самоубиство.
Бразилските медиуми пишуваат дека при нападот се повредени и неколку лица, кои биле префрлени во две регионални болници.
Вкупниот број на повредени сè уште не е потврден, а мотивот за нападот засега е непознат.