Руското Министерство за одбрана соопшти денеска дека руски воени авиони во координација со Турција, бомбардирале магацин со оружје и муниција на борците на терористичка организација, која е дел од Ал Каеда, во сириската провинција Идлиб.
Нападот бил извршен откако Русија добила информација за испорака на голема пратка беспилотни летала во тој магацин, кои требало да се употребат за напад врз руската база Хмејмим.