Русковска: Притворот на Чавков е по добиени информации од МВР, нема зошто да се правдаме

Шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска вели дека побарале привтор за Чавков врз основа на оперативни сознанија добиени од МВР и дека нема причина да се сомневаат во информациите на полицијата дека постои опасност Чавков да избега.

Апсењето на Чавков на три дена пред донесување на пресудата против него и останатите обвинети во процесот за „27 Април’ предизвика лавина реакции во јавноста. Реагираше семејството на Чавков, кое демантира дека тој сакал да бега во Халкидики и дека има вила во Грција, каде според дојавата на полицијата, требало да избега.

Реагираше и адвокатот на Чавков, Сашо Дуковски, кој рече дека вече е донесена пресуда од 14 години затвор, што е драконска казна, иако според кривичниот закон, поранешниот директор на БЈБ му се заканува казна од 10 години до доживотен затвор.

Митко Чавков се бранеше од слобода 316 дена откако му беше прифатена гаранција со имот во вредност од 600.000 евра на 30-ти април минатата година.

Треба да знаете
Последни објави