„Сега е Свет и Велик Пост”, видео-спот на Бигорски за првата великопосна песна

Изминатиов период во Бигорскиот манастир, изработен e нов видео запис, овој пат за првата великопосна песна (каланда) со наслов “Сега е Свет и Велик Пост”.

-Она што е најинтересно е тоа дека овој видео спот преку своето сценарио раскажува една несекојдневна приказна, блиска до мијачките обичаи,со која веруваме ќе се гордее целиот православен народ од нашата земја, а особено Мијаците, односно сите оние кои живеат или потекнуваат од познатиот мијачки крај. Песната во спотот ја изведува верниот чувар на нашата културна традиција, Ансамблот „Македонија”,велат од Бигорскиот манастир.

Посочуваат дека имало песни за сите пригоди, кои народот отсекогаш ги пеел низ улиците.

-Пред Божик народот пеел божиќни каланди, пред Василица се пеело за Василица. И за празникот Богојавление имало каланди, се било во знак на радоста на празникот, насекаде се објавувала празничната радост. А за Великиот Пост, пак, исто така имале каланда. Народот одел низ улиците и пеел и свирел скромно, оти требало луѓето да се потсетат дека почнува едно многу важно време за нив, нешто за кое се зборува во содржината на песната: Сега е Свет и Велик Пост, сега се свети денови… Христос оди на страдање за нашето спасение. Кон Него да извикаме и вака да Му речеме: Спомни си за нас Господи во Царството Ти, нагласуваат од Бигорскиот манастир.

Режијата и монтажата е на Горан Костадинов, камера: Александар Ивановски и Кристијан Теодоров, дрон: Небојша Петревски.

Треба да знаете
Последни објави