Педесет и едногодишниот Рајнер Шимпф, режисер на емисијата Dive Expert Tours, од Јужна Африка, со својот тим на нуркачи се спуштил источно од Кејптаун за да го документира бегањето на сардините од непријателот.
Но, сè тргнало наопаку, Шимпф буквално бил вшмукан во устата на китот пред зачудените погледи на своите пријатели, според италијанскиот „Ил Матино“.
Но, пред тоа тие се поделиле на две групи и документирале природен настан во кој пингвините, фоките, делфините, китовите и ајкулите се здружиле за да фатат големо количество риба.
Тимот бил 25 наутички милји оддалечен од брегот кога морето одеднаш почнало да се движи и – Шимпф во еден момент бил проголтан. По неверојатниот инцидент, среќниот нуркач рече дека се обидувал да сними ајкула во тие моменти кога целото опкружување одеднаш се затемнило, а потоа сфатил и почувствувал како голем кит му го дофатил телото.
„Во таква ситуација нема време за плашење, мора да ги користите сите свои инстинкти. Го задржав мојот здив мислејќи дека ќе се нурне и дека ќе ме пушти многу подлабоко во океанот, а внатре во неговата уста беше темно и мрачно.“
Додека бил во устата на китот, неговиот колега и фотограф Хајнц Топерцер ја држел камерата насочена кон Шимпф и ужаснато гледал што се случува. Кога китот го исплукал, тој успеал да се врати неповреден на својот брод.