Австриската армија е пред банкрот, тврди началникот на ГШ

Австриската војска наскоро нема да може да ги исполни своите задачи поради драматичната состојба со недостиг од пари, предупредува началникот на Генералштабот Роберт Бригер.

Предупредувањето на Бригер дојде откако поранешниот претседател на Австрија, Александар ван дер Белен, во интерна анализа, посочи дека армијата веќе не е во можност да ги исполни своите уставни задачи.

Тој истакна дека постои голема разлика меѓу уставните задачи, состојбата на буџетот и реалната состојба во армијата.

“Во изминатите две децении, војската драматично се оддалечи од својата способност самата да ја брани земјата. Наскоро војската нема да може да врши воени задачи поради застареност на речиси сите системи за оружје”, се вели во документот.

Постојаните заштеди доведоа до безбедносни дупки и за првпат од формирањето, армијата е соочена со тоа – дали може се уште да ја извршува основната задача.

Генералштабот повикува на зголемување на буџетот за армијата од сегашните 2,2 на најмалку 3,3 милијарди евра до 2022 година. А потоа најмалку еден процент од БДП, или повеќе од четири милијарди евра за покривање на „она најпотребното”.

За сеопфатната одбрана се бараат два проценти од БДП за армијата, сугерира војската.

Треба да знаете
Последни објави