Велешанец бил уапсен откако полицијата во неговиот дом пронашла предмети што подлежат на Законот за заштита на културното наследство. Станува збор за 13 монети во различна форма и големина, еден дел од метален предмет и два керамички садови во форма на луле.
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал-Единица за сериозен криминал, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, против Т.А.(52) од Велес поднесе кривични пријави за присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости по член 265 и за прикривање по член 261 став3 од Кривичниот законик.
Полицијата на 31 јануари годинава врз основа на судска наредба, извршила претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени 13 монети во различна форма и големина, еден дел од метален предмет и два керамички садови во форма на луле, предмети што подлежат на Законот за заштита на културното наследство.