ВМРО-ДПМНЕ: Заев ги наруши односите со Израел поради изјавата за Холокаустот

Зоран Заев по втор пат ги наруши односите на Република Македонија со Израел, вели опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Заев ја посрамоти државата и го нарече најгрозоморниот настан во историјата на човештвото – Холокаустот – еврејска традиција. Власта не успеа да го сокрие срамот. Медиумите од целиот регион експресно ја пренесоа веста и Република Македонија повторно беше најактуелна тема, но за потсмев и срам. Заев по втор пат ги наруши односите она Израел и ги навреди евреите, откако уште во 2015 година се фалеше дека остварил средба со израелскиот премиер, Шалом и разговарал за безбедносно финансиски прашања, па веднаш после тоа беше експресно демантиран“, нагласува ВМРО-ДПМНЕ.

Опозицијата додава дека Заев ги нарушува односите со стратешките партнери и го загрозува угледот на земјата.

Треба да знаете
Последни објави